
На 28.12.2020 во 20.55 часот во СВР-Штип, од Казнено поправната установа Затвор-Штип, било пријавено дека околу 19.45 часот при контрола на кругот на установата биле пронајдени: еден мобилен телефон, една паковка со марихуана и една паковка со прашкаста материја. Увид на местото извршиле полициски службеници од СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.