Со коњ носи вода и без струја во 21 век живее Мехмед од плачковичкото село Курфулија

Без соседи, без вода и електрична енергија во 21 век живее Мехмед со неговата сопруга во плачковичкото село Курфулија. Најблиската продавница е оддалечена нешто повеќе од 7 километри, живее на сончева светлина, а вода носи од соседното село на одалеченост од 4 километри. Два часа се потребни за да се снабди со вода за пиење, а за јадење чека некој од соседните села да помнине за да му остави нешто. Нема ниту возило, па животот е вели многу тежок.

„Како мечка живееме, без комшија, без струја, за никаде. И јас сакам како човек да живеам, ама како животно сум. Нема ништо во селово, најблиску продавница има во Радање, а немам ниту кола.“ – вели Мехмед.

Преживува од минамлната сосцијална помош која ја зема, ама како што додава е далку од доволна. Претходно се занимавал со сточарство, ама сега трлото стои празно оти не се во можност да одгледуваат стока.

„Пари нема. Имав стока, ја продадев и сега сме без ништо.“ – вели Мехемед.

Отакако неговите деца заминале во странство, во ваква состојба живее повеќе од една децинија. Оставен само во планинско село со неговата сопруга, има потреба од храна и струја.

„Сега ми се потребни пари за исхрана, соседи и струја. Струја немаме, јас не можам сам да ја поставам, општината не ни помогна до сега, уште пред 15 години кажаа дека ќе помогнат ама ништо.“ – додава Мехмед.

Од Општина Карбиници истакнаа дека се подготвени да излезат во пресрет и да му помогнат на Мехмет и неговата сопруга за во 21 век да може да добија нормални услови за живот.

Лаура Стојанова М-Нет