
Пролетниот дел од сезоната во Првата ракометна лига на Македонија ќе донесе сериозна трка за директен влез во Суперлигата меѓу непоразениот лидер Младост од Богданци и Мулти Есенс од Автокоманда.
Овие две екипи се најсериозните кандидати во трката за првото место кое покрај шампионскиот пехар во Првата лига носи и директен влез во ракометната елита на Македонија за сезона 2026/2027.
Младост е непоразен лидер со 12 победи од толку натпревари и 24 бодови на своето конто, а пак Мулти Есенс има исто така 24 бодови, но меч повеќе и се наоѓа на второто место со скор од 12 победи и еден пораз токму од Младост.
Драчево Јуниор е на третата позиција со 20 бодови, но тимот е свесен дека овие бодови се веќе сериозна негатива и тешко ќе продолжи да бидат конкурент за првата позиција која директно води кон Суперлигата и за втората позиција која води кон баражот за можна промоција во ранг погоре, но може да биде тим кој ќе решава многу околу математиките и Младост и Мулти Есенс.
Вардар Неготино заврши на четвртото место со 18 бодови и веќе овој тим сериозно заостанува зад конкурентите па така тимот од Неготино во повеќе битка за третото место, но може да биде сериозен предизвик за двата најсериозни конкуренти во битката за бодовите.
Штипските Текстилец кој сезоната ја заврши на осмото место со 12 бодови, во пролетниот дел ќе води борба за што повисок пласман на самата табела, а пред штипјани е отворен патот сезоната да се заврши на петтото место, па да се направи и изненадување и за нешто повеќе, но веќе четвртото место е поголем предизвик.
Со натпреварите од 15 коло ќе започне пролетниот дел во Првата ракометна лига.
Александар Ванев, М-Нет