
Македонските ракометните суперлигаши засилени на трансфер пазарот. Нејц Цехте останува верен на шампионот Еурофарм Пелистер, десниот бек пристигна во 2023 година, а репрезентативецот на Словенија ја продолжува соработката со битолскиот тим.
Со Еурофарм Пелистер има освоено две шампински титули во македонскиот шампионат.
Амбициозниот прволигаш Младост од Богданци гради тим со кој дефинитивно ќе биде главен фаворит за влез во Суперлигата, откако меѓу стативите се засили со 23-годишниот Кристијан Костадиновски, кој доаѓа од редовите на суперлигашот Радовиш.
Покрај Костадиновски, клубот од Богданци веќе се засили со Лазар Адамовиќ, Никита Соколов, Гоце Аргиров, Даниел Андоновски и Никола Димитров.
Радовиш го договори десното крило Мартин Димов, а откако замина Костадиновски од голот на Радовиш, тоа ќе значи дека радовишани ќе треба да бараат и голман.
Пред промоција во Радовиш е поранешниот младински репрезентативец Бобан Каковски, кој би бил повратник во таборот на радовишани.
Средниот бек низ својата кариера настапуваше за екипи од Франција, Фарски Острови и Германија, а во Македонија освен за Радовиш настапуваше и за Еурофарм Работник, Металург и Голден Арт.
Александар Ванев, М-Нет