
Чувањето кокошки во денешницата е рчи си подзаборавено, но ова за жителите од карбинските села претставува предизвик. Драган Зиков од село Радање веќе подолги години чува кокошки и истовремено изведува мали пилиња со современи техники. И кога сите одлучуаат да се занимаваат со други дејности, тој сепак во своето слободно време е во своето село, за да произведе или создаде нешто од што ќе има за живеачка.
“Вака сега јас имам свој кокошки и од нив од јајца, имам инкубатор и ги ведам. Ги чувам по 20 дена, а потоа ги носам на пазарот. Од селски кокошки, од едрите, од убави едри кокошки. Ги одбирам јајцата да бидат убави, округли и по тоа веруваме дека се женски.
Пред да ги донесе пилињата на пазар, тој ги чува околу 18 дена, за да подпораснат како што вели Зиков, а веднаш потоа започнува со продажба.
“Јас ги продавам по 100 денари, а овие се стари по 18 дена.
Инаку, чувањето животни покрј што придонесува заштеда во однос на храната, тие можат да помогнат за да се создадат навик кај малите за да се грижат за милиничињата. Во согласност со ситуацијата, речиси секоја кокошка дневно носи по едно јајце во зависност од нејзината старост, па фактот дека тие се корисни за здравата исхрана е сеуште присутен помеѓу одгледувачите.
Лаура Стојанова М-Нет