
Младите во Штип својата реализација ја гледаат во Македонија. Иако иселувањето во денешницата станува тренд кај граѓаните, сепак анкетата на М-Нет телевизија покажува дека Македонија се уште има надеж. Едни веќе студираат и кроат планови за реализација, други допрва ќе студираат, со поставени цели, ама и едните и другите децидни дека овде тие имаат можност за да се реаилизираат и остварат своите соништа.
За подобро работно место, подобра плата и подобри услови за живот, младите велат дека треба да се заврши и факултет.
Во согласност со стиауцијата, речиси на секаде во државата има потреба од млада работна сила, па ова ќе означува дека во иднина покрај што ќе се подобар условите за живот, ќе има и нова работна сила, која што ќе инвестира во сопствената држава.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет