Шампион Форца е осамен лидер во Првата футсал лига, повратникот Проект го доби дербито со лутиот ривал Шкупи!

ФОТО: Телевизија М Нет

По пет одиграни кола шампионот Форца е единствен со пет од пет и максимални 15 бодови на своето конто со што тимот е лидер во Првата футсал лига на Македонија.

Во рамки на петтото коло Форца со 6:10 славеше над „фенерџијата“ Црна Река во Кавадарци. Дербито на колото се одигра во Гевгелија каде повратникот Проект со 3:1 славеше победа над лутиот ривал Шкупи со што сега Проект изби на второто место со 13 бодови, а пак Шкупи е трет со 12 бодови.

Осогово со 2:6 славеше висока гостинска победа над Бутел со што тимот од Крива Паланка сега доаѓа до 4. место на табелата со 10 бодови, а пак Клими дојде до прво сезонско славје од високи 9:3 над
Железарец.

Сега тимот на Железарец е на 5. место со девет бодови, Клими е шестти со пет бодови, Јувентус Серава е на седмото место со четири бодови.

Два бодови има Бутел кој е осми, еден бод има велешки Кеги Моби кој е деветти, а пак Црна Река е на дното без бодови.

Дефинитивно оваа сезона ќе има неизвесност кога е во прашање пред се опстанокот.

Александар Ванев, М-Нет