Младиот Христијан Митевски од Штип е лице со посебни потреби, но големи идеали и визии за животот

Младиот Христијан Митевски од Штип е лице со посебни потреби, но големи идеали и визии за животот кој го живее. Пораснал во родниот Штип, каде завршил и средно образование, живее само со неговиот татко, но секојдневно се бори да ги добие правата кои ги заслужуваат децата и лица со посебни потреби. Со поддршка од Господ, како што ќе каже Христијан, но и од неговиот татко и пријателите, тој се труди да придонесе општеството да научи да ги прифаќа различностите, да не се прави дискриминација и да се прифаќаат сите луѓе подеднакво.

„Јас кога завршив гимназија во СОУ „Славчо Стојменски“ Штип, за жал децата према мене правеа некаква дискриминација и токму тоа е што го зборувам, ние треба да ги прифаќаме тие луѓе. Секој родител е должен да го научи своето дете да се дружи со сите другарчиња“ – вели Митевски.

На само 21 година се гледа неговата активна вклученост во повеќе свери во општеството. Христијан има посетено повеќе министри, градоначалници, премиери, а за него се органзиираше и пречек со сите државни почести од страна на претседател на државата. Еден ден седна и на столчето на премиерот, како што вели, со единствена цел, на сите да им ја пренесе пораката дека лицата и деца со посебни потреби мора да се третираат еднакво со што же се гради една подобра држава која ќе биде пример за идните генерации.

„Иницијативата беше лично моја за каде и да одам да ја пренесам пораката дека имаме заедничка држава во која има различни луѓе. Ние треба да ги прифаќаме тие различности и да ја градиме државата онака како што треба да ја оставаме за следните генерации.“ – додава Митевски.

И на лицата со посебни потреби им е потребно трпени, разбирање, прифаќање и многу љубов, бидејќи и тие живеат во исто општество, во една иста држава заедно како и сите останати. Не е срамно да бидеш лице со посебни потреби вели младиот Митевски, додавајќи дека потребно е вистинско прифаќање.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет