
Ситни детали треба да се усогласат за да продолжи доизградбата на новата Клиничка блница во Штип. Премиерот, Хрситијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, повторно истакна дека недели се во прашање за да се означи продолжувањето на изградбата на оваа болница која треба да ги опслужува пациентите од целиот Источен регион.
„Цениме дека Клиничката болница во Штип, заедно со медицинскиот факултет, студенскиот дом сега веќе не можеме да зборуваме за години или месеци туку зборуваме за недели. Бидејќи остануваат уште некои ситни детали кои треба да се доусогласат со нашите сега веќе стратешки партнери од Обединетото кралство. Очекувам овој проект позитивно да заврши со убави резултати, а следен чекор да биде овој клинички центар“ – вели Мицкоски.
Болницата во Штип се гради речиси една деценија. Изминатите денови се потврди дека согласност за изградба има. Започна да се гради во март 2016 година, се изградија околу 40% од објектот, но поради непочитување на роковите беше раскинат договорот со изведувачот. Тогашниот проект за штипската болница беше проценет на 49.3 милиони евра.
Во меѓувреме, освен доизградбата на болницата ќе се започне со изградба на медицински факултет, целосно нов и студентски дом кој би бил во поддршка на факултетот со најмалку 200 легла.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет