Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање денеска при промоција на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на БДП се очекува да продолжи и оваа година и тој да изнесува некаде помеѓу 3,5 и 4% проценти.
„Очекувам трендот на раст да продолжи на бруто домашниот производ. Оваа влада беше избрана на 23 јуни 2024 година и 2024 година ја завршивме со раст на БДП од 3% реален, а номиналниот беше блиску 2 и пол пати поголем, близу 7% и бевме во горната половина од земјите од Европа. 2025 година ја завршивме со 3,5% раст на БДП, а номиналниот беше над 8% и бевме во првите 5-6 земји во Европа. Оваа година планираме до крајот на годината растот на БДП да биде помеѓу 3,5 и 4%, значи тој континуиран раст на БДП реален да продолжи, а номиналниот да се движи околу 8%“, потенцираше премиерот Мицкоски.
Тој нагласи дека она коешто е предизвик повеќе е фактот што овој раст на БДП и овие податоци се случуваат во период кога имаме раст на европската економија помала од 1% на годишно ниво, а нас најголем трговски партнер ни е самата Европска Унија, но посочи дека Владата е избрана да ги решава проблемите на граѓаните и така и ќе продолжи без да создава нови.
„Впрочем затоа ја добивме довербата од граѓаните да ги решаваме. Дали сме мотивирани да ги решаваме, да, мотивирани сме и ќе продолжиме да ги решаваме и да не создаваме нови проблеми“, изјави премиерот.
Текстот Мицкоски: Очекуваме растот на БДП да продолжи и да изнесува помеѓу 3,5% и 4% е превземен од МАКФАКС.