
По објавата на МВР дека директорка на детска градинка во Кочани примила неговател без важечка лиценца, пристигна демант. Од детската градинка „Павлина Велјанова“ Кочани велат дека имаат склучено важечки договор врз основа на Јавен оглас за јавна набавка на услуги – Привремени вработувања преку Агенција за АПВ објавен на Електронски систем за јавни набавки за Ангажирање на агенција за привремени вработувања со датум од 04.03.2025 година .
„Ангажманот на лицата кои ги обезбедува агенцијата е целосно во надлежност и обврска на самата агенција, согласно законските прописи за проверка на квалификации, лиценци и исполнување на услови за работните места. Установата работи исклучиво согласно важечката законска регулатива и сите лица ангажирани преку Агенција за привремени вработувања се ангажираат во согласност со прописите што ја регулираат оваа област. ЈОУДГ „ Павлина Велјанова“ постапуваше по договор , по закон и во интерес на обебедување континуирана грижа за децата.“ – стои во соопштението од градинката.
Од таму додаваат дека остануваат отворени за соработка со институциите и обвинителството за утврдување на сите факти и околности. Имаме целосна доверба дека институциите ќе ја утврдат фактичката состојба и дека ќе се потврди дека немало никаква намера за повреда на законот или злоупотреба“.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет