Мицкоски: Намалени акцизите на горивата, Македонија повеќе не коленичи, туку помага

Владата ги намали акцизите на горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба. Според новата одлука, акцизата за дизелот се намалува за 4 денари по литар, додека за безоловните бензини од 95 и 98 октани намалувањето изнесува 2 денари по литар.

Премиерот, Христијан Мицкоски, истакна декаво државата има доволно количини на горива и нема простор за страв и паника.. Мерките кажа се воведуваат во услови на зголемена потрошувачка и притисок особено на пограничните места.

,,Ние со вчерашната одлука на Влада практично овозможивме да регулаторната комисија денеска ги намали акцизите на дизелот од 4 денари по литар, а за бензините два денари по литар. Успеавме да обезбедиме дополнителен перод од месец дена за оние 3 денари за литар дизел и два денари за бензините. Кога сето ова ќе се стави во функција, тогаш за бензините треба да имаме и поевтина цена од таа која што е сега, а за дизел горивата не би требало да имаме на одредени бензински пумпи покчување и покрај тоа што имаме озбилна предизвикувачка состојба во државата, но и не само тука, туку и во светот. Од аспект на количини сме стабилни имаме доволни количини. Тука не треба да имам стравувања. Зголемена е потрошувачката и конзумот, од милион, милион ипол на два милиони литри на ден. Имаме притисок на одреднеи погранични места.“, кажа Мицкоски

Онаа Македонија која коленичеше не постои, сега имаме држава која помага и од која бараат помош додава Мицкоски. Вели дека државата вака ќе се однесува и во иднина, со тоа што континуирано ќе ја следи состојбата.

,,Она кое што претставува наша цел е да биде фактор на стабилност и тоа го правиме. Онаа Македонија која што коленичеше или молеше, верувале или не не постои. Сега имаме Македонија која помага, од која што бараат помош, која што рефлектира стабилност во регионот, зрелост и на тој начин ке се однесуваме и во иднина и ќе ја следиме состојбата. Утринава постепено продуктите ја намалуваат својата цена, но да видиме како ќе затвори денот и неделат.“, додаде Мицкоски

Целта на оваа Влада, Мицкоски посочи е да има стабилност во државата и покрај големите предизвици, да има добри услови за граѓаните. Посебно потенцираше дека приротет е да има квалитетно здравство, а потоа се останато.

Иван Митев, М-Нет