Мицкоски: За преживување ни треба 2,5 милијарди евра, власта ја води државата во амбис

Најмалку 2,5 милијарди евра ќе треба за државата и граѓаните да ја преживеат оваа и следната година, смета лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Енергетската криза постепено се трансформира во финансиска, а за пресметка ќе ви треба една кратка математика, додава тој. И на крај, според него, сето ова е само за да се преживее, а не и живее.

„Ценам дека се за да се помине оваа година и следната ќе бидат потребни најмалку 2,5 милијарди евра, бидејќи постепено енергетската криза се трансформира во финансиска. Еве, ќе ви направам една кратка математика. Само за затоплување во Скопје, за набавка на гас, ако користиме гас, се потребни 250 милиони евра. На почетокот од следната година недостасува државна обврзница во вредност од 450 милиони евра. Денеска буџетскиот дефицит е околу 21 милијарда. Значи, околу 350 милиони имаме потрошено како држава отколку собрано. До крајот на годината ќе стигнеме до половина милијарда“, истакна Мицкоски.

Препораките се исти како и во април и мај годинава, додава Мицкоски. Доколку сега не се преземе нешто, тој констатира дека власта ја води државата во амбис.

„А ни трага, ни глас од оној најавуван заем од ММФ од 900 милиони евра со евтина каматна ставка од 1 процент. Парите стануваат се поскапи и се помалку ги има на меѓународниот пазар. Директно ја водат државата во амбис. Што би предложиле ние? Ние предложивме во април и во мај, тие не не послушаа. Сега препорачувам тоа да го направат за следната година, за следните пет години“, додава Мицкоски.

Поради кризата, како што рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања од Штип, не очекува сложена есен и тешка зима со многу немири.

Ребека Спасова М-Нет