
Со интонирање на химната, положување свежо цвеќе пред спомен обележјето Македонија на влезот во касарната, едноминутен молк за сите починати борци, денеска во касарната Јане Сандански во Штип се одбележа 17 септември, денот на вториот пешадиски батаљон. На овој датум далечната 1944 година во беровско формирана е 14 македонско младинска бригада Димитар Влахов.
„17 септември е датум кој е одреден за Ден на вториот пешадиски батаљон. Единица која ја има честа, но и обврската да ги продолжува и негува традициите на 14 бригада. И токму затоа денеска се поклонуваме пред делата и се обврзуваме на аманетите оставени од илинденците, борците од НОБ и сите оние кои се бореа за нашата слобода и независност. И конечно денеска е денот кога и оддаваме признание на сите поранешни команданти“ – кажа

Истовремено, на свечената манифестација во штипската касарна се доделија награди, пофалници и благодарници на унапредени и наградени припадници на Армијата. Годината која измина за нив била полна со предизвици, но и година на успеси.
„Ние припадниците на вториот пешадиски батаљон сме горди што ги продолжуваме традициите и вредностите на славната 14 бригада. Горди сме што се припадници на Армијата и што го носиме аманетот на нашите предци, бранејќи ја татковината и почитувајќи ги различностите. Оваа година во која го одбележуваме јубилејот 30 години од формирањето на Армијата беше полна со предизвици, но и успеси. Најголем предизвик ни беше подготовката за оценувањето на борбената способност на единицата.“ – кажа Попов.

Днешениот настан беше збогатен со музисчи настап на женски гитариски квартет при Дом на култура Виница и дувачки оркестар Штип. На настанаот присуствуваа и дечиња од две основни училишта во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет