
Ракометарките на Астибо беа многу блиску до прва победа во плеј-офот, но сепак на крајот и 14-те гола на Марија Анчева не беа доволни за изнадување, откако штипскиот клуб на домашен терен загуби од Вардар со резултат од 29:33.
Астибо одлично го отвори мечот имаше почетна предност се до 7:6, кога Вардар го сврте резултатот и поведе на 7:9. Астибо се врати во два наврати израмнување, но сепак на полувреме Вардар имаше 16:18.
Во вториот дел Вардар велезе во победничка серија и направи голема резултатска предност кога имаше и плус осум при 20:28, а потоа Астибо внаправи една серија, но само за ублажување на поразот на 29:33.
Куманово загуби од шампионот Ѓорче Петров со убедливи 33:19 на гостински терен, а пак колото ќе се затвори со денешната дерби пресметка на Чаир со Металург Автокоманда за второто место на табелата.
Во следното коло екипата на Астибо ќе гостува кај Куманово, каде ќе бара прва радост во плеј-офот на женската ракометна Суперлига.
Александар Ванев, М-Нет