Мицкоски ги соопшти имињата на новите министри

Премиерот, Христијан Мицкоски, вечерва ги соопшти новите министри во рамки на владината реконструкција.

Тој кажа дека реконструкцијата означува почеток на нова фаза по изминати две години од работата на оваа влада. Најави дека следи период во кој фокусот ќе биде уште повеќе ставен на ефикасноста и динамиката и постигнување ефикасни резултати, нова енергија за ново забрзување.

ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со Министерството за социјална политика и демографија. За министер е поставен Ѓоко Велковски, кој досега беше заменик министер во ова министерство.

За министер за здравство е именуван Сашко Клековски, досегашен директор на ФЗОМ.

На негово место доаѓа досегашниот министер за локална самоуправа, Златко Перински, а за нов министер за локална самоуправа е именуван Иван Стоилковиќ.

За министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите е именуван Ерџан Демир.

Од ВРЕДИ нови министри ќе бидат поставени во министерствата за правда, за култура и за односи меѓу заедниците, додека ЗНАМ ќе номинира нов кандидат во земјоделие. Претходно лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, изјави дека за министер ќе биде предложен Борче Серафимовски.

Досегашниот ресор за добро владеење се укинува и тој ресор ќе биде директно под ингеренции на кабинетот на премиерот.

Исто така, Мицкоски изјави дека Демократската партија на Турците влегува во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот (Видео) Мицкоски ги соопшти имињата на новите министри е превземен од МАКФАКС.