
Осветлена патеката покрај речно корито во Свети Николе, дополнително истата е уредена со реквизити, асфалтирање на улици и тротоари се само дел од прокетите кои се завршија во иминатите неколку месеци во Свети Николе, за градот да добие урбан лик. Денеска истите ги промовираше градоначалникот Владев, во рамки на посетата која ја оствари лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
“Ставени се овде буквите Свети Николе кое е многу интересно обележје , поставени се канделабри, чадори што е исто така интересно за посетителите, направивме мултифункционално спортско игралиште каде љубителите на спортот си ги обавуваат спортските активности, а во моментот имаме турнир во мал фудбал. Почнавме со асфалтирање на улиците’“ – кажа Владев.
Владев истакна дека ќе продолжат со крпење на улиците, во првата половина на месец август се ичекува да биде пуштена во употреба новата противпожарна станица, а ќе се работи и на уредување на останати патишта и тротоари.
Мицкоцки во оваа прилика само ги поздрави прокетите и работата на локалната самоуправа, бидејќи се реализраат проекти кои дури не се ни ветени претходно.
„За две ипол до три години целата програма која што беше дел од предизборната кампања ќе биде реализирана и навистина се радувам што е тоа така. Ќе имаме можност повеќе од година дена да реализираме прокети кои не беа ветени, а сигурно дека тоа ќе го ценат граѓаните на Свети Николе. Слушнавме дека стотици километри водовод, канализација, асфалт, нови детски игралишта, прокети кои генерално се рализираат од новата власт предводена од градоначалникот Владев“ – додаде Мицкоски.
Ова што се работи според Мицкоски е добро, бидејќи тоа е се што им е потребно на граѓаните за да направат разлика од претходно и сега.
Лаура Стојанова М-Нет