
За реконструкција на штипската бања Кежовица одобрени се 4 милиони денари на комисиската расправа по однос на амандманите на Буџетот 2022, во собранието по предлог на пратеникот Никола Мицевски. На комисиската расправа од страна на Мицевски биле поднесени десетина амандмани за проекти во Штип и Крбинци, од кои е прифатен предлогот на бањата Кежовица.
„На амандманската расправа за Буџетот за 2022 година покрај поднесените десетина амандмани од моја страна за проекти за Општина Штип и Карбинци, успеавме да го убедиме Министерството за финансии дека овие средства се навистина потребни за граѓаните на Штип. На тој начин успеавме да обезбедиме 4 милиони денари, средства за реконструкција на бања Кежовица. Во разговори со ЈП „Исар“ и Општина Штип информиран сум дека тие имаат проект врз основа на кој што ќе се изработи оваа работа и на тој начин ќе добиеме реконструирана бања во интерес на граѓаните“ – кажа Мицевски.
Освен овие средства претходната година имаше издвоени пари за проекти во Штип и Карбинци, и ова за Мицевски прставува големо задоволство бидејќи на некаков начин може да им помогне на своите сограѓани.
На првата средба која на 22 ноември се оставри межу градоначалникот Јорданов и пратеникот Мицевски тема на дискусија беше и доуредувањето односно ппоставувањето на заштитна ограда покрај коритото на река Отиња. Во приоритетни проекти тогаш се споменаа и изградбата на водовод, канализација нова детска градинка и слично.