
Новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија ќе започне на 5. октомври со натпреварите од првото воведно коло, како што веќе информираше М Нет телевизија.
Актуелниот шампион МЗТ Скопје одбраната на титулата ја започнува против новиот прволигаш Шкупи на домашен терен, Чаир на домашен терен ќе игра против Кожуф, а пак Работнички ќе се соочи со екипата на Феникс.
ТФТ Скопје дома ќе игра против новиот прволигаш Куманово, а пак Тиквеш во Кавадарци ќе се соочи со екипата на Пелистер.
Во рамки на првото коло екипата на Вардар ќе ги одмери силите со Гостивар.
Како што веќе инфорамираше М Нет телевиизја и во новата сезона ќе настапуваат 12 екипи. Првите осум екипи обезбедуваат плеј-оф, а последните четири плеј-аут, каде ќе бодат борба да се избегнат последни две места во плеј-аутот кои носат преселба во Втората кошаркарска лига.
Како што претходно информиравме ниту една екипа од Источниот дел на Македонија нема да учестува во новата сезона од Првата кошаркарска лига.
Александар Ванев, М-Нет