Во ЖИВО на М Нет: Шкендија Арачиново – Куманово, недела од 15 часот

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Третото коло на Третата македонска фудбалска лига – Север ни го носи дербито меѓу Шкендија Арачиново и Куманово, соочување на вицешампионот и шампионот од ланската сезона, дерби меч кој ќе може да го следите во живо на М Нет телевизија.

Куманово лани беше шампион, но не го помина баражот со второлигашот Победа и остана во Трета лига – Север, но во новата сезона главен фаворит ќе биде Шкендија Арачиново. Вицешампионот е квалитетно засилен со играчите од Првата лига и во новата сезона цели само кон прво место и бараж за Втора лига.

Куманово со играчки квалитет не е како во минатата сезона, но против Шкендија Арачиново не оди со бело знаме и ќе се обиде да направи изненадување против фаворит.

Правдата на мечот ќе ја дели Дејан Младеновски, а истиот ќе се одигра на теренот на Фортуна. Преносот на М Нет телевизија ќе започне во 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет