Методи Георгиев освои сребрен медал на “Пирин куп 2023” во Благоевград, Бугарија

Пливачот на ПСК Челични од Штип, Методи Георгиев освои сребрен медал на 6. Меѓународен пливачки митинг “Пирин куп 2023” во Благоевград. Георгиев го освои медалот на 200 метра делфин.
Другата учесничка на овој пливачки митинг, Ивона Наумова стотинки ја делеа за освојување на медал на трките на 100 и 200 метра Делфин на кои заврши на 4.место.
На 6. Меѓународен пливачки митинг “Пирин Куп 2023” Благоевград настапија повеќе од 500 пливачи од 28 клуба од Македонија и Бугарија.