
Еднаш во два месеци и тоа едвај еден килограм месо можат да си дозволат граѓаните со моменталната цена на местото и приходите кои ги имаат. Велат во месарници цената висока до плафон, па најчесто на трпезата може да се најде по некое парче свинско месо, многу поретко јагнешко или телешко. Не се купува како некогаш велат пред се повозрасните граѓани на терен во Штип. Да се готви месо почесто е луксуз, а можат да си дозволат само оние кои одгледуваат свињи и имаат месо.
„Цената скапа, прескапа. Јас до скоро купував, ама кој има потреба мора да готве.“ – велат граѓаните.
И додека од една страна за граѓаните месото е се поскапо, одгледувачите на свињи велат дека цената на жива мера свинско месо не е променета цела година. За нив е неисплатлива цената од 115 денари за килограм жива мера бидејќи храната е со повисока цена споредбено со лани.
„Моментално, цената на свинското месо, жива мера е 115 денари, таа цена е уште од лани. Во месарите имаше покачување еднаш или двапати, но не и на живата мера. За оние кои одгледуваме свињи, веќе сме на линија на рентабилност, затоа што лани јачменот и мумуруската беа малку поевтини, оваа година се со покачени цени.“ – вели Серафимов.
До Нова Година нема да има ново покачување на цените на жива мера свинско месо. Но, согласно набавките на храна ќе се знае и понатамошниот тек на цената на местото.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет