
На вчерашната седница Владата не ги усвои предложените мерки од Комисијата за заразни болести. Само беа разгледани и вратени за дополнителни анализи, студии и дополнувања. Одлучено беше да се засили контролата на спроведувањето на веќе активните мерки, особено при проверка на сертификатите и идентитетот на лицата кои ги приложуваат истите.
Сите министерства, јавните претпријатија, акционерските друштва и агенциите во државна сопственост ќе спроведуваат скрининг за да се утврди процентот на вакцинирани во државната и јавната администрација
Исто така, ќе се утврдуваат можностите за да се стимулира вакцинацијата, како и правната основа за рестрикции на правото на дежурства, прекувремена работа, службени патувања и други опции за дополнителни приходи за вработените во јавната администрација. Ќе се разгледаат и употребат сите реални можности за економски стимулации, но и за рестрикции по однос на финансиски бонуси и друг тип на надоместоци кои се надвор од основиците.
Комисијата за заразни болести ќе треба да направи компаративни студии за предложените мерки, но и да даде предлози за дополнителни мерки кои, според нив, би поттикнале на вакцинација.
Ребека Спасова МНет