Продолжува вакцинацијата и ревакцинација во салата „Јордан Мијаклов“ во Штип

Во салата Јордан Мијалков во Штип денеска се вакцинираше со вакцини од производителот „Фајзер“ и се ревакцинираше со „Астра Зенека“. Во текот на денешниот ден пристигнала и нова пратка вакцини чија количина е доволна за до крајот на неделата.

Освен ревакцина со Астра зенека ќе се аплицира и прва доза вакцина кај повозрасното население. Имено како што посочи доктор Дијана Миланова Коцева, на посебни пунктови во салата Јордан Мијалков ќе се вакцинира повозрасното население со астра зенека, а останати со фајзер.

Министерот за здравство Венко Филпче истакна дека се очекува утре да пристигнат 100 илјади вакцини Фајзер, а во недела ќе пристигне пратка од 500 илјади кинески вакцини кои ќе се пуштат во употреба веќе од наредната недела.

Според информации од Министерството за здравство Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 494.909 дози вакцини, а ревакцинирани се 208.592 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 459.213 граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет