Мега дерби на Македонија ЃП и Брегалница, дерби од дното на Борец и Вардар Неготино, тешко гостување за Осогово!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

В сабота ќе се одиграат натпреварите од 11. коло на Втората лига, откако второлигашите одново се соочија со згуснат распоред.

Дербито на колото се игра во Ѓорче соочување на двата лански прволигаш Македонија ЃП како второпласирана го чека досега непоразениот лидер Брегалница.

Дерби каде трите бодови се единствена опција за двете екипи на патот за експресно враќање во Првата лига. Изразит фаврит нема, двете екипи се во слична позиција и од аспект на статистиката, со тоа што можеме да кажеме дека „лавовите“ имаат подобра доминација на терените.

Брегалница има постигнато 17 погодоци и го има вториот најдобар напад, а пак „лавовите“ имаат 16 постигнати погодоци, но од апсект на одбраната и двете екипи се одлично поставени со примени пет погодоци.

Меч каде практично нијанси ќе одлучуваат за победник и за трите бодови, ова е дерби на двата главни фаворити за влез во Прва лига.

Башкими на домашен терен како апсолутен фаворит би требало да има лесна задача против разнишаниот Осогово кој е во резултатска криза, а неизвесен дуел за трите бодови ќе има меѓу Арсими и Детонит Плачовица во Гостивар каде домашниот тим ќе има предност во однос на радовишани поради домашниот терен.

Дерби ќе има и во Струмица каде ќе се соочат Беласица и Кожуф во меч каде струмичани ќе сакаат четврта победа во низа, а пак Кожуф ќе сака враќање на победничките патеки.

Дербито од дното на табелата ќе играат Борец и Вардар Неготино во Велес каде домаќинот ќе сака победа за излез од длабоката резултатска криза, а тимот од Неготино ќе сака нова победа за да потврди дека резултатската криза се надминува поссле победата над Новаци, кој пак тим ќе игра против Каменица Саса на домашен терен.

Новаци и Саса играат дуел од средишниот дел од табелата, а трите бодови ќе направат разлика во однос на долниот дел од табелата, токму затоа и се важни трите бодови.

Охрид е во страшна форма има шест од шест и бриши се пред себе на патот кон местата за Прва лига, а на „Билјанини Извори“ го пречекува Скопје кој не е во посакувана форма, па повеќе од јасно е дека Охрид ќе биде голем фаворит.

Победа на домашен терен ќе го пречека „фенерџијата“ Вардарски, кој е пред идеална шанса да дојде до триумф над прилепчани, кој ќе бара прво славје во Втората лига против Победа која доживеа дебакл во претходното коло во Македонска Каменица.

Натпреварите стартуваат во 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет