
Викендот ќе се одиграат натпреварите од 10. коло на ракометната Суперлига, а во рамки на оваа коло дербито ќе го одиграат Вардар и Охрид.
Поранешниот двократен европски шампион ќе биде фаворит против одличните „гладијатори“ кои прикажаат одличен ракомет сезонава и од девет кола забележаа само еден пораз од шампионот Еурофарм Пелистер. Двете екипи имаат по 16 бодови со ист скор, Вардар беше поразен само од Алкалоид. Тежок меч каде Вардар ќе сака радост пред своите навивачи против Охрид, кој во „Јане Сандански“ доаѓа да ја продолжи победничката серија и да потври дека тоа што се вложува во Охрид дава резултат.
Радовиш прва сезонска радост ќе бара против Пролет на домашен терен, повратникот во Суперлигата е единствен без триумф, па ќе се надева дека до истиот ќе стигне веќе викендот. Пролет во Радовиш ќе бара трето славје кое мора да го добие ако сака евентуално место во плеј-офот.
Прилеп како фаворит на домашен терен ќе игра против Фруитленд Борец од Велес, каде прилепчани сакаат победа за плеј-оф. Алкалоид како голем фаворит ќе го пречека тимот на Куманово, а пак Тиквеш на домашен терен ќе бара победа против Струга, со цел да може да остане во сериозна трка за место во плеј-офот.
Александар Ванев, М-Нет