Кошарка Втора лига: Штипски Соколи против Охрид, во Првата лига Пелистер ќе се соочи со Кожув, Чаир на дерби со МЗТ Скопје

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од четвртото коло од Втората кошаркарска лига, а во рамки на истото в сабота ќе се одиграат четири натпревари, а пак в недела два натпревари.

Соколи на домашен терен во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип ќе се соочи против ланскиот прволигаш Охрид, во меч каде штипските кошаркарки ќе ја имаат улогата на фаворит за нов триумф.

Работнички 2018 на домашен терен ќе игра против Бутел, а пак Црн Дрим на домашен терен во Струга ќе има тешка задача против лидерот Ангели.

Ланскиот прволигаш Академија ФМП ќе игра против фаворитот Маџари во Струмица.

В недела Водно Санс ќе игра против Мега Баскет, а пак МЗТ Скопје против Борец Баскет.

Во Првата лига ќе се одиграат натпреварите од 5. коло кое ќе биде отворено утре со дербито меѓу Чаир и МЗТ Скопје, в сабота Куманово ќе биде домаќин на Гостивар, Пелистер на домашен терен ќе бара триумф против Кожув од Гевгеија, а пак ТФТ ќе игра со Шкупи. Вардар на домашен терен ќе игра тешка задача против фаворитот Работнички.

Колото ќе се комплетира во Кавадарци каде ќе се соочат Тиквеш и Феникс.

Александар Ванев, М-Нет