
Самохрана мајка на две малолетни деца мака мачи по лавиринтите на здравствениот систем во Штип. Нејзиниот син си ја повредил ногата па помош побарале во Брзата помош, од каде биле препратени во Клиничка болница Штип. Дететото били прегледано и добило лекови за смирување на болката, ама болката не поминала. Со приоритетен упат денеска повторно се вратиле во КБ Штип, ама детето не било прегледано оти го немало докторотот од четвртокот.
„Детето е со повреда на ногата. Отидевме на 1 јуни во болницата со упат од Брзата помош, дојдевме тука. Докторот го немаше пола час, едвај се појави, после тоа докторо коментира како требало да додјдам после 2 часот по полноќ. Прегледа го, даде му Блок макс ќе помине рече, ама болка не помина, детето не може да стое. Отидевме кај нашата матична, добивме нов приоритетен дојдевме овде и ни вели докторот дека не е надлежен и дека треба да дојдеме утре кога доктор Сашко ќе е на смена. Ова е голем срам за нашето здравство.“ – вели граѓанка на Општина Штип.
Од болницата на ова одговорија дека детето било со можмост да се прегледа по завршување на итните случаи во ортопедската амбуланта, додавајќи дека во ниту еден случај неговото здравје и живот не биле загрозени.
„Се работи за пациент на седум годишна возраст. Се јавува во ургентната отропедска амбуланта кај доктор С. Ц. Поради тоа што докторот е слободен овој ден по 24 часовно дежурство, на мајката на детето и е соопштена информацијата за ординирачкиот лекар и е дадено можност да се прегледа детето после итните случаи кои се од типот на скршеници на коски, истегнување лигаменти и слично. Детето е со претходно ординирана терапија од докторот пред четири дена. Прегледот се извршил во 12 :12 часот, после итен прием на фрактура на колк. Во ниеден момент додека чекале на детето не му беше загрозено здравјето и животот. При секоја посета на ортопедската амбуланта се прави тријажа на пациентите за итност од недицинските лица. Секој итен пациент се прегледува без приоротетен упат и без чеќање“ – стоеше во писменото соопштение кое го испратија од ортопседската амбуланта при КБ Штип.
Лаура Стојанова М-Нет