Матурантите од СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани, четврти ден со бојкот на наставата

Средношколците од гимназијата „Љупчо Сантов“ од Кочани од понеделникот ја бојкотираат наставата со тоа што не се вклучуваат на онлајн предавањата, со цел да се прифатат нивните барања за намалување на предметите за полагање државна матура. За оваа одлука на која биле согласни 99 % од учениците, раководството во училиштето било писмено известено во понеделникот.

Директорот на гимназијата Љупчо Сантов Кочани, со повик до учениците нивното незадоволство да го изразат на друг начин бидејќи таков постои, а не е добро бојкотирањето на наставата.

За разлика од гимназијата, учениците од електро машинското средно училиште „Гошо Викентиев“ следат настава. Во понеделникот имало обид за бојкот на онлајн наставата од еден клас, но сега сите ученици се приклучени онлајн. Нема никакво соопштени до раководството на училиштето дека ке има бојкот“ – соопшти Велков.
Поради падемијата со ковид 19, и хибридниот начин на одвивање на наставата, средношколците матуранти од повеќе градови низ државата веќе две недели ја бојкотираат наставата. Денеска треба да се одлучи дали ќе продолжи бојкотот или ќе се приклучат на настава. Од сојузот на средношколци на Македонија велат дека и доколку дојде до преки на бојкотот на наставата, тоа е за да не се губи уште повеќе од наставниот материјал и дека средношколците нема да се откажат од нивните барања.

Лаура Стојанова М-Нет