Се одбележуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев

Денеска се одбележуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев. По тој повод претставници на институциите, политички партии  и здруженија на граѓани положија свежо цвеќе на спомен релјефот на Гоце Делчев во Ново село. Претходно на местото на денешниот ректорат Гоце Делчев, било училиштето каде што Делчев учителствувал. Делчев има само дата на раѓање, останатото се делата и чувствата за се што е направено од негова страна.

Гоце Делчев не правеше разлика помеѓу различните националности и верски разлики кога е во прашање слободата и социјалниот мир.

Корпулентно граден со чудесно убави црни очи и снаодлив со неисцрпна физичка и духовна енергија, со чудесна душа која се одзива со секое народно страдање и болка. Делчев беше личност што ретко се среќава во историјата на народите. Тој ќе каже дека го разбира светот единствено како културно поле на народите. Слава му на Гоце.

Лаура Стојанова М-Нет