Мартина Гештаковска, македонска тенисерка која ниже големи успеси, а живее во Германија

Мартина Гештаковска е млада македонска тенисерка која живее во Келн, Германија и каде нижи успеси во областа на тенисот, како спорт која го засакала од своја најмала возраст, а со тренирање започнала од својата осма година.

Гештаковска во разговор за телевизија М Нет вели дека за тенисот се одлучила бидејќи отсекогаш се гледала во индивидуален спорт. Македонската тенисерка вели дека тенисот е нејзината прва љубов кога станува збор спортот.

Гештаковска за М Нет вели дека со тенис започнала да тренира во тенискиот клуб „Ас“, после шест месеци тренинг го одиграла првиот турнир во Охрид каде го освојува третото место, а има учествува и на многу други турнири.

„За тенисот се одлучив бидејќи отсекогаш се гледав во индивидуален спорт. Со тенис започнав на осум годишна возраст, дефинитивно тенисот беше и се уште е мојата прва љубов кога станува збор за спортот. Отсекогаш сум имала интерес да научам што повеќе за секој спорт, бидејќи навистина го сакам спортот, но тенисот ми остана единствена љубов. Тенис започнав да тренирам во тенискиот клуб „Ас“, после шест месеци го одиграв првиот турнир каде што освои трето место, учествував на многу турнири во конкуренција од 10, 12, 14, 16 и 18 години“, вели младат тенисерка.

Гештаковска во Германија живее веќе четири години, таа направи и компарација меѓу Македонија и Германија кога е во прашање тенисот и вложивањето во овој спорт.

„Во Германија живеам веќе четири години, секако дека може да се направи компарација, Германија е држава која што многу повеќе вложува стручно знаење во спортот со поголеми финансиски средства кои што ги пренасочува во клубовите и на тој начин можат да ги поддржат младите таленти кои што сакаат да се занимаваат со тенисот. Во Германија има многу повеќе турнири и лиги кои што се оддржуваат во многу градови низ цела Германија и учествуваат многу поголем број на играчи. Во Македонија имаме многу талетирани спортисти, но за жал нема доволно финансии за да се инвестира повеќе во спортот, особнео во тенисот. Се надевам дека тоа во блиска иднина ќе се промени во нашата држава“, речи Гештаковска.

Младата тенисерка зборуваше и за нејзините успеси, учества на турнири и постигнати резултати.

„Моите најголеми успеси до сега се дефинитивно првите места минатата година на турнирот во Германија. Имам настапувано на повеќе интернационални турнири, моментално играм на турнири во Германија и натпревари за германската лига, најмногу се радувам на првото место на „Prise Money“. На 26. април ми започнуваат натпреварите во германската лига, моите планови за 2024 година се во секој случај повеќе германски и турнири под капата на Меѓународна тениска федерација. Во иднина се гледам на што повеќе професионални турнири“, ни изјави Гештаковска.

Македонската тенисерка за М Нет раскажа и за тренингот и подготовките кои таа ги има пред турнирите и натпреварите.

„Како и во секој спорт тренингот започнува со загревање кој што е многу битен дел за да нема повреди, потоа работиме на техничкиот дел, ја подготвуваме тактиката на играта и на секој тренинг имаме одредена цел на која што работиме. Кога се подготвувам за турнири освен тенискиот дел работам и на мојата физичка пдоготвеност но пред турнирите најмногу практикувам спаринзи со други играчи и тренинг мечеви. Имам од клубот тренер, но доста често со мојот брат близнак Марио кој што исто така е добар тенисер се подготвуваме за турнирите“, рече македонската тенисерка за М Нет.

Телевизија М Нет продолжува да ги поддржува младите спортисти како што е Мартина Гештаковска, преку медиумска поддршка на патот кон остварување на своите цели.

Александар Ванев, М-Нет