
Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од 24. коло од Прва лига, како и натпреварите од 21. коло на Втората лига.
Во двете натпреварувања имаше само три спорни ситуации, на кои судиите донесе исправни одлуки, па така судиите во 24. коло во Прва лига, како и во 21. коло од Втора лига се без грешка.
На мечот од 24. коло од Првата лига разгледувани беа два спорни моменти на мечот Македонија Ѓорче Петров и Тиквеш, каде главен судија беше Крумислав Ѓорѓиев од Штип, а негови помошници беа Владимир Митревски и Степаноски.
Исправна проценка на главниот судија за досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0, спорен момент од 35. минута.
Исправна проценка на главниот судија за недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:0 спорен моментот од 53. минута. На останатите натпревари од Првата лига немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Во рамки на 21. коло од Втората лига беше разгледан еден спорен момент на мечот меѓу Беласица и Осогово кој се одигра во Струмица, каде главен судија беше Игор Стојчевски, а негови помошници беа Бранко Путилин и Мартин Петковски.
Исправна проценка на главниот судија за досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1.
На останатите натпревари од Втората лига немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Александар Ванев, М-Нет