
Фудбалскиот клуб Новаци официјално го претстави своето најново засилување, откако Марко Лозановски од денес и официјално е дел од сино-жолтиот состав.
Лозановски ќе му се стави на располагање на стручниот штаб во продолжението од сезоната и се очекува да донесе дополнителна конкуренција и квалитет во екипата на Новаци, која има амбиции за висок пласман во пролетниот дел од првенството.
Од клубот му посакаа добредојде на новиот фудбалер, со порака дека веруваат оти Лозановски брзо ќе се вклопи во тимот и ќе даде свој придонес во остварувањето на зацртаните цели.