Тренерите Никола Кузманов и Горан Здравков најавуваат фер, коректен и атрактивен дерби натпревар

Со нертпение се очекува утрешниот дерби натпревар на истокот помеѓу екипите на Каменица Саса и на Слога од Виница. Според зборовите на Шефот на Стручниот штаб на домашните Горан Здравков се е подготвено за одигрување на еден фер, коректен и пред се атрактивен натпревар кој би сакал да биде зачинет со повеќе голови. Оправдано поради тренерска обврска Горан Здравков беше спречен да даде ексклузивна изјава во врска со овој меч нагласувајќи дека ја респектира екипата на Слога и ветува достоен пречек и пред се фајтерско надмудрување на теренот. Свое видување за утрешниот дерби натпревар и штипски тренерски дуел во Македонска Каменица има и Шефот на стручниот штаб на Слога Никола Кузманов.

Изјава Никола Кузманов – Шеф на Стручен штаб на Слога

Со цел овој натпревар да го доближеме до сите искрени љубутели на фудбалот утре, сабота со почеток во 14.00 часот директно ќе го пренесуваме на нашата Мнет ТВ и на каналот Мнет спорт.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk