
Третото место, но и наградата за најдобар сценцски настап на годинешното 36 издание на Макфест отидоа во рацете на 21 годишната штипјанка Марија Данева. Пред камерите на М-Нет телевизија Данева истакна дека не ги очекувала и двете награди, а емоциите биле на максимум.
„Јас најпрво ја добив наградата за најдобар сценски настап за кој вистински виновници се Јована и Бобан, кои ми подготвија кореографија. Исто така добив трета награда. Не можам да го опишам чувството бидејќи најпрво кога ја добив наградата за најдобар сценски настап бев навистина изненадена и кога отидов зад сцена сите се радувавме. По некое време кога го слушнав пак моето име Марија Данева мислев дека станува збор за некоја грешка бидејќи јас веќе зедов една награда и не очекував дека ќе земам уште една“ – кажа Данева.
Со песната „Твоја“ Марија блесна на макфестовата сцена. На песната се работело околу четири – пет месеци, а победничкиот сценски настап бил готов за две недели.
Марија е една од учесникчките и на Ѕвездите на Гранд. Вели искуството е големо и значајно, но Макфест има посeбно место во nејзиниот живот дополнително сега со освоените две награди. Таа продолжува да чекори по патот на музиката со настапи во живо, и покрај тоа што моментално студира на Педагошки факултет. Во план е и изготвувањето на спот за тртопласираната песна „Твоја“ на Макфест.
Оваа година на 36 тото издание на Макфест првото место го зеде штипјанецот Александар Тодороски, а второ пласиран беше кумановецот Мартинијан Кириловски.
Лаура Стојанова М-Нет