Мал Ајакс му го зема „скалпот“ на лидерот Кеги Моби, следи локалното дерби со Астибо

Футсал второлигашите ги разгоруваат првенствените борби за запоседнување на самиот врв на табелата. Најинтересно во ова 7 коло беше во Штип каде што тимот на Мал Ајакс го пречека досега непоразениот тим и лидер на табелата, екипата на Кеги Моби од Велес. Домашните играчи предводени од тренерот Влатко Манев се надминаа себе си, одиграа како знаат и умеат и забележаа брилијантна победа изразена со резултат 4:3 со што избија на третото место на табелата со 17 освоени бодови, односно само бод помалку од водечкиот Кеги Моби кој има 18 бодови. Тимот на Астибо освои бод во Тетово а Кардшлк загуби во Велешта. Еве ги комплетните резултати од ова 7 коло:

  1. СЕЕ Универзитет – Астибо 2:2
  2. Мал Ајакс – Кеги Моби 4:3
  3. Овче Поле – Црешово Топче 4:1
  4. Форца – Проект 11:6
  5. Велешта – Кардшлк 6:3
  6. Конзули – Клими, ќе играат вечерва.

Во следното 8 коло на ВМФЛ претстои големото локално дерби во Штип помеѓу екипите на Астибо и Мал Ајакс кое што уште отсега привлекува огромно внимание и интерес кај штипјани а за терминот на одигрување навремено ќе информираме.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk