
Во присуство на Градоначалниците на Штип и Карбинци, Иван Јорданов и Виктор Паунов, многубројни планинари и гости, ДПС „Лисец“ од Штип се одржа свечената прослава во чест на денот на планините.

Во воведниот дел членот на раководството на друштвото Милорад Ангелов ги запозна присутните за личната карта на Лисец, за значајната улога во креирањето на планинарскиот дух кај сите оние кои ги милуваат планините и други многубројни активности.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов е горд што може да присуствува на ваков значаен момент во друштво низ чии редови поминале многубројни штипјани.

За значењето на денот на планините, за многубројните активности како и за програмата за следната година зборуваше Претседалелот на друштвото, Александар Санев.



За успешната соработка, за искрената подршка и за неопходните донации на многубројни пријатели, љубители на планините и на успешни бизнисмени беа доделени пригодни награди како знак на благодарност и особено внимание од страна на ДПС „Лисец“ – Штип.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk