Мал Ајакс игра клучен меч со Осогово во Штип, ако загуби штипјани се селат во Втората футсал лига

ФОТО: КМФ Мал Ајакс

Овој викенд ќе се одиграат мечевите од 16. коло на Првата футсал лига откако заврши репрезентативната пауза, каде Македонија направи голем успех со три победи во претквалификациите за Светското првенство славејќи над Бугарија со 4:2, над Турција со 6:3 и над домаќинот Литванија со минимални 1:0 и со тоа репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман во главната рунда од квалификациите за Светското првенство.

Во Првата футсал лига речиси се е јасно, Проект стана шампион уште пред две кола, а целта на тимот од Јосифово до крајот ќе биде да нема пораз и да направи уште еден голем успех со освојување и на Куп титулата и да ги обедини двете титули.

Штип речиси сигурно останува без прволигашки футсал, Мал Ајакс оди кон експресно испаѓање во Втора лига. Екипата на Мал Ајакс е претпоследна со десет бодови, седум помалку од местото кое гарантира опстанок, а до крајот остануваат уште девет бодови во игра.

В недела во Штип ќе се одигра клучен дерби меч меѓу Мал Ајакс и Осогово, кој меч доколку Мал Ајакс го загуби ќе значи автоматски испаѓање во Втора лига на две кола до крајот. Триумф за тимот на Осогово од Крива Паланка ќе значи прогрес на самата табела.

Дебитантот Балкан не можеше да се носи со предизвикот во Првата лига и експресно се сели во Втора лига. Екипата е на дното со девет бодови, а викендот ја очекува тежок меч против Бутел на домашен терен.

Овој викенд многу извесно е дека Балкан и Мал Ајакс ќе се преселат во Втора лига.

Во однос на останатите мечевите, колото ќе биде отворено со мечот меѓу Јувентус Серава и ланскиот шампион Форца, во Валандово ќе се игра дерби меч меѓу Проект и Шкупи соочување на два лути ривали, а колото се затвара дури во понеделник со мечот меѓу Кеги Моби и Клими.

Александар Ванев, М-Нет