Малолетници од Штип и Скопје краделе од Штип сити мол

Малолетници од Штип и Скопје краделе облека и пари од Штип сити мол. Во три наврати овој месец извршиле кривични дела кражба, а минатиот декемри краделе и од угостителски објект во Штип. Двајцата малолетници се приведени во полициска станица Штип.

„По преземени меркии активности полициски службеници Штип и отсекот за Општ криминал при СВР Штип приведоа двајца малолетници на возраст од 17 и 15 години од Скопје и Штип. Тие се сомничат дека сториле четири кривични дела „кражба“ од кои три извршени на 8,9 10 април годинава од продажни објекти во Трговски центар во Штип од каде биле одземени пари, облека и спортска облека, додека четвртото кривично дело го извршиле на 29 декември минатата година од угостителски објект во Штип од каде одзеле пари.“ – вели Панајотова.

Во меѓувреме полицијата расчисти уште две дела кражби, кои биле извршени претходниот и овој месец од страна на штипјани кои краделе во Штип и Карбинци.

„Расчистени се и едно кривично дело тешка кражба извршени ноќта 10 кон 11 март годинава од продажен објект во Штип за која осомничен е и приведен бил 45 годишен штипјанец и едно кривично дело кражба извршена на 6 април годинава од двор од првано лице од Општина Карбинци од каде биле одземени метални предмети за која осомничен е 43 годишнен штипјанец“ – додава Панајотова.

По целосно комплетирање и документирање на кривично правни настани против лицата до Основното јавно обвинителство ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Лаура Стојанова М-Нет