
Трета лига – Исток е првиот третолигашки регион кој замина на зимска пауза со девет одиграни кола во есенскиот дел, останатите региони имаат по уште неколку кола пред да заминат на пауза.
Меѓутоа се отвара прашање за предолгата пауза од есенскиот до пролетниот дел од сезоната. Александар Максимов во гостувањето во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија истакна дека паузата почнувајќи од Третата до Првата фудбалска лига во Македонија е доста голема.
Предолгата зимска пауза има големо влијание врз формата на самите екипи, пред се на оние екипи кои се борат за промоција во Втора лига. Слога Виница е есенски шампион во Трета лига – Исток, екипата и натаму тренира иако полусезоната таму е завршена, со цел да се одржува формата. Тимот на штипскиот стратег Емил Грнев одигра и пријателски меч против прволигашот Гостивар, а фокусот веќе е на ангажман на квалитетни засилувања со цел конкуретна екипа во баражот за Втора лига.
Есенскиот дел од Првата и Втората лига завршува во првиот викенд од месец декември, а пролетната полусезона стартува во средината од месец февруари следната година.
Александар Ванев, М-Нет