Македонци од Грција, Бугарија, Албанија и Македонија вчера пееја во еден глас, се оддржа традиционалната семакедонска средба

Денес над Македонија, вчера ги сплоти сите македонците на едно место на семакедонската средба во Штип. Традационано како и секоја година и годинава со гости од Албанија, Грција и Бугарија, се испеаа старите песни и се изиграа ората кој не карактеризираат нас македонците. Отец Нкидом, пред медиумите вели дека средбата е од големо значење, бидејќи како што вели само денеска тие имаат можност да се сретнат со сите македонци.

„Јас ве поздравувам сите наши македонци на Македонија. Работите не се како што треба уште. Вие како што знаете во Егејскиот дел на Македонија, за втор пат во Солун организираме средба за јазикот и за македонскиот јазик и тоа е голем успех. Сите работи ги исполнуваме. Ги повикувам нашите македонци кога доаѓаат во селото Пожарско да не доаѓат туку така, туку да идат во црквата да видат што имаат правено со пдоароците на нејзините дедовци, татковци.”, истакна Никидом

За да не почитуваат однадвор, мораме да се почитуваме ние самите, а со ваквитте средби се оддржува комуникацијата, истакна градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

Дека македонското чувство е будно и се чувствува на секаде, согласни беа и останатите Од Албанија и Бугарија, а според Стојан Димков од здружението на македонците од Егејскиот дел на Македонија Мирка Гинова, ваквата средба ќе се негува и во иднина со нивните наследници.

“Oва е најголем ден за нас прогонетите од Егјскиот дел на Македонија и можам да кажам дека се случува ретко.”, додава Димков

„Мислам дека не само во Мала Преспа, туку преку се кај македонците во Албанија, се уште е живо чувството на македонците во Албанија. Овде е сржта на македонските работи.“, истакна Митревски

„Многу трудно можеме да излеземе и да правиме чествувања на важни дати. Кога ги празнуваме, ни проверуваат лични карти, ни прават стрес.“, додава Гилев

Инаку, ваквата средба има за цел да ги сплоти сите македонците од различните крави да се соединат со основната идеја да се зачува македонскиот дух.

Лаура Стојанова, М-Нет