JП „Стипион“ подготвени за претстојната зима, имаат приоритети на влезовите и улиците во градот и до пристапи на КБ Штип

Направени потребните подготовки за претстојната зима, од страна на ЈП Стипион во Штип. Исправна механизација, дополнително помошна механизација, екипи за интервенција, тие целосно се спремни. Директорот Панче Стефановски за М-нет телевизија истака дека тие како претпријатие имаат проритети за улици и критични места за интервенција како за влезовите и улиците во градот, така и до сите пристапи до КБ Штип.

“Одржавме кординативен состанок со надлежните институции во врска со подготвеноста во зимската сезона. Јавното претпријатие ги направи сите потребни подготовки. Нашта механизација е исправна сервисирана и подготвена за интервенција. Исто така имаме дополнително помошна механизација, ако се јави потреба од тоа. Имаме оформено екипи за интервенција, имаме утвредно приоритети на улици и критични места за интервенција во приоритетите спаѓаат влезовите на градот, сите пристапи до КБ, улиците во централното градско подрачје.”, истакна Стефановски

Додатно Стефановски вели дека тие имаат набавено доволно количина и на песок и сол, па затоа временеските неприлики нема да претставуваат пречка за нив.

“Имаме набаевно и на залиха доволно количини на материјали како песок и сол и сме подготвени за сите временски неприлики.“, додава Стефановски

Инаку, веќе од 15 ноември започнуваат стандардните препораки за сите учесници во сообраќајот, да се прилагодат возилата со зимска опрема, гуми и ланци, прилагодена брзини и секако да се следат условите кои ги нудат патиштата.

Лаура Стојанова, М-Нет