Македонија ќе има над 1.000 навивачи во Копенхаген за бараж дуелот со Данска

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за големион предизвик наречен пласман на Светско првенство преку бараж, а како прва пречка ќе биде соочување со Данска во Копенхаген.

За овој натпревар кој ќе се одигра на 26 март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, македонските фудбалери ќе имаат поддршка од над 1.000 навивачи кои веќе имаат купено билет.

Поддршката секако дека ќе биде добредојдена и важна како ветер во грб за нашите репрезентативци предводени од новиот селектор Гоце Седлоски на патот кон еден огромен историски успех да се пласираме на Светско првенство по првпат.

Секако дека доминантна ќе биде данската публика, но нашата „фаланга“ има златни грла и ќе навива како да е повеќебројна.

Ако го добиеме мечот со Данска, тогаш ќе игра против подобриот од мечот меѓу Чешка и Република Ирска на 31 март.

Александар Ванев, М-Нет