
Денес со мечот помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Работнички беше отворено 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Личина го отвори резултатот со гол за водство на „лавовите“ од 1:0, но по само една минута, Работнички го израмни резултатот на 1:1 со голот за паметење на Мазари кој биеше во горниот десен агол за 1:1.
До крајот на првиот дел мрежите мируваа и на двете страни, па со резултат од 1:1 се замина на пауза од 15 минути.
На стартот од вториот дел „лавовите“ започнаа со силен притисок кон Работнички, а тоа резултараше со неколку конкретни шанси кон противничкиот гол, а „романтичарите“ имаа повеќе среќа и успеаја да го сочуваат голот од стартниот налет на домашниот тим.
„Лавовите“ преку Алексовски во 73. минута дојдоа до нова предност од 2:1, а тоа беше и конечниот резултат.
Македонија Ѓорче Петров стигна до осмиот сезонски триумф, а трите бодови во дуелот со Работнички пвоеќе од заслужено завршија на контото на „лавовите“.
Колото ќе биде комплетирано утре со останатите четири натпревари. Брегалница и Тиквеш во Штип го играат дербито на Истокот, Шкендија ќе биде домаќин на Победа, Шкупи ќе игра со Скопје, а пак лидерот Струга Трим Љум дома ќе се соочи со Академија Пандев.