Македонија ЃП се враќа во Прва лига, „лавовите“ утре со победа над Беласица ќе го подигнат шампионскиот пехар во Втора лига!

Македонија ЃП експресно се враќа во Првата македонска фудбалска лига, а „лавовите“ ги дели само една победа да бидат шампиони во Втората македонска фудбалска лига и со тоа да го подигнат шампионскиот пехар.

Клубот ги повика навивачите и публиката со цел да се исполни стадионот во Ѓорче до последното седиште, да им се даде поддршка на фудбалерите на последниот меч против Беласица.

Со триумф над струмичкиот тим, екипата на Македонија ЃП предводена од Бобан Грнчаров ќе биде шампион во Втората лига ќе го подигне шампионскиот пехар и ќе се врати во Првата македонска фудбалска лига по само една сезона во Втората лига.

Минатата сезона екипата на Македонија ЃП испадна од елитата, а по една сезона „лавовите“ се враќаат во елитата.

Натпреварот меѓу Македонија ЃП и Беласица од последното 30. коло се игра во недела од 17 часот, а со триумф на „лавовите“ во Ѓорче ќе се подигне шампионската титула и ќе има големо славје за враќањето на Македонија ЃП во Прва лига.

Александар Ванев, М-Нет