
Македонија Ѓорче Петров го претстави своето второ засилување за пролетниот дел од ПМФЛ, откако беше промовиран Давид Родригез Лопез од Шпанија.
Левиот бек во Ѓорче доаѓа од Атлетик Клуб Ескалдес од Андора, а претходно Македонија ЃП го промовираше Бразилецот Џонатас Жилберто да Силва.
Пред Македонија ЃП ќе биде тешка пролетна полусезона во борбата за сигурен и директен опстанок. „Лавовите“ есенскиот дел го завршија на 10. место односно во бараж зоната со 18 бодови.