
Уште пет кола до крајот во Првата македонска фудбалска лига, 15 бодови во игра и голема борба за опстанок на неколку екипи кои се сериозно загрозени.
Покрај Шкупи многу извесно е дека Македонија ЃП ќе испадне експресно во Втора лига „лавовите“ се претпоследни со 24 бодови и ќе имаат најтешка задача за опстанок.
Останатите екипи ќе водат трка да го избегнат десетто место кое исто така води кон директно испаѓање во Втора лига, но со реални шанси да се избегне и баражот или пак преку истиот да се бара опстанокот.
Работнички е десетти со 28 бодови, следува Пелистер во бараж зоната со 29 бодови, какои Брера која е осма со 33 бодови. Во зоната за директен опстанок е Арсими со 35 бодови, Башкими е шести со 37 бодови, а Тиквеш е сигурно како петти со 40 бодови.
Башкими и Арсими ќе имаат за цел да ги сочуваат позициите кои ги имаат, а пак Брера се обидува да дојде до седмо место и директен опстанок, Пелистер и Работнички во трка за опстанок преку бараж или ако може и директен опстанок, што ќе биде многу тешко.
Во претходното коло Башкими загуби дома со 0:4 од Струга, Работнички со 2:0 го доби Арсими и направи голем чекор кон опстанокот, а исто и Пелистер со 2:0 ги доби „лавовите“ од Ѓорче.
Екипата на Вардар со лото победа од 0:7 го декласираше Шкупи, некогаш овие две екипи играат големи дерби натпревари, но денес сликата е поинаква.
Шкендија со 1:4 го декласираше Тиквеш во Кавадарци, а пак Брера Струмица загуби со 4:0 во Кратово од Силекс, а овој пораз беше пресуден тренерот Мартин Алаѓозовски да си замина од струмичкиот тим, па Брера во трката за опстанок ќе мора да назначи нов тренер.
Александар Ванев, М-Нет