Кошаркарите на Соколи со пораз од Бутел во преполната сала „Јордан Мијалков“ во Штип

Кошаркарите на Соколи со пораз го започнаа полуфиналето откако на домашен терен во Штип загубија од Бутел со резултат од 69:76 со што скопскиот тим има почента предност во полуфиналето.

Бутел во преполната сала „Јордан Мијалков“ уште од самиот почеток стегна голема резултатска предност која беше клучна за триумф среде Штип. Во првите десет минути создадоа голема предност од 11:28, а истата на крајот беше клучна и пресудна за триумф на Бутел.

Во останатите три четвртина штипјани се обидуваа да на намалат високата негатива, а до крајот на првото полувреме имаа негатива од 35:43 што даваше надеж дека може да се случи и пресврт.

Во текот на самиот меч особено во изедначената трета четвртина, кошаркарите на Соколи имаа минус седум односно 55:62. Соколи успеа да дојде и до 64:64, потоа беше и 66:66, но слабата реализација во клучни моменти му овозможи на Бутел одново да се одлепи резултатски, на 66:70, а на крај конечниот исход беше 69:76.

Марјан Јаневски кај Бутел имаше 25 поени, Киров 19, а Мартиноски 13 поени, а кај Соколи искусниот Караколев и Хамилтон имаа по 17 поени, а Тодоровски имаше 13.

Струмица убедливо го доби Борец на домашен терен со 77:65 и со тоа струмичани имаа почетна предност во полуфиналето. Првото полувреме струмичани го завршија со 38:27, а потоа таа разлика беше само одржувана.

Пандев имаше 24 поени кај Струмица, а кај гостинот Џејмс имаше 16 реализирани поени.

Бутел и Струмица имаат почетна предност на патот кон финалето, каде победникот ќе обезбеди место во елитата за следната сезона.

Александар Ванев, М-Нет