
Македонската ракометна репрезентација успешно го отвори учеството на „ЖолтиоткКуп“ во Винтертур, Швајцарија, победувајќи го Бахреин со 32:28.
Најефикасен на теренот беше Филип Кузмановски, кој со девет постигнати гола предводеше „црвено-жолтите“ кон победата.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ја држеа контролата на резултатот низ целиот натпревар, а и покрај поголемиот отпор од Бахреин во второто полувреме, Македонија покажa рутинска и стабилна игра до крај.
Следниот предизвик за „црвено-жолтите“ е утре во 17:45, кога ќе се сретнат со Украина во второто коло на турнирот.