
Ракометната репрезентација на Македонија обезбеди ново учество на Европското првенсто, кое за нашата репрезентација ќе биде осмо по ред, откако во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со убедливи 26:17 ја декласиравме Литванија.
Натпреварот започна со негатива за Македонија од 0:4, а потоа нашите ракометари покажаа каратер и веднаш се вратија во игра и направија пресврт со кој избраниците на Кирил Лазаров имаа 13:11 на полувреме.
Лошо го започнавме мечот, но потоа се поправивме и Македонија заигра одлично и доминираше на теренот, а голманот Мартин Томовски имаше 11 одбрани и се покажа како херој во „Јане Сандански“ за македонскатаа репрезентација.
Во второто полувреме одбрана функционираше беспрекорно, а нападот ги користеше иста можни шанси и прилика. Кузмановски и Серафимов се истакнаа со по пет гола, а пак Пешевски и Џонов имаа по три гола.
Голманот Никола Митревски во завршницата одбрани два седмерци, со што Македонија стави печат на голема победа.
Македонија со победата покрај тоа што обезбеди настап на ЕП 2026, туку и го потврдува својот континуитет на големите натпреварувања уште од 2012 година.
Европското првенство ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска, во период од 15 јануари до 1 февруари 2026 година.
Александар Ванев, М-Нет